Османи во Њујорк положи цвеќе на Меморијалниот музеј за 11-ти септември

Бујар Османи/ Фото: Слободен печат/Драган Митрески

 Министерот за надворешни работи, Бујар Османи за време на посетата на Њујорк во рамките на неговото учество на 76-тото заседание на Генералното Собрание, го посети Националниот меморијален музеј за 11-ти септември, каде положи свежо цвеќе во сеќавање на жртвите од терористичкиот напад од 2001 година.

Османи, како што информираат од неговиот кабинет, споделувајќи ја тагата за загубените човечки животи, изразил сочувство кон загинатите и нивните семејства, како и поддршка за САД и американскиот народ.

– На 20-годишнината од овој трагичен настан, Република Северна Македонија силно ги поддржува заложбите на меѓународната заедница за зачувување на универзалните цивилизациски вредности – мирот, безбедноста, демократијата и укажува на потребата од споделена солидарност со сите жртви од тероризмот во светски рамки, истакна Османи при посетата на Меморијалниот музеј.

Во рамки на 76-тото заседание на Генералното Собрание, како што инфромираат од МНР, Османи учествувал на повеќе министерски состаноци и сесии организирани во рамки на Обединетите нации, како и на Министерскиот состанок на Заедницата на демократии, организиран од Романија во својство на претседавач. Како единствена членка од Западен Балкан на Заедницата на демократии, министерот Османи во своето обраќање укажа дека земјата стои силно зад демократските принципи и вредности.

Османи, се вели во соопштението од МНР, учествувал и на Министерскиот состанок на Алијансата за мултилатеризам, организиран од министрите за надворешни работи на Германија и Франција, каде беа разменети мислења за ефективниот мултилатеризам, што претставува приоритет и за Северна Македонија. Во таа насока, Османи укажал дека земјата како активен чинител на меѓународната заедница ќе продолжи со таквата заложба и за време на претседавањето со ОБСЕ во 2023 година.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот