Османи од Германија ја почнува интензивната надворешно-политичка турнеја

Бујар Османи
Бујар Османи / Фото: EPA-EFE/Chema Moya

Министерот за надворешни работи Бујар Османи од денеска почнува нова надворешно-политичка турнеја, со присуство во неколку значајни метрополи: Берлин, Варшава и Блед (Словенија), со цел билатерални средби и учество на значајни меѓународни настани.

Како што соопшти МНР, од денеска Османи е во работна посета на Сојузна Република Германија на средби со министерот за надворешни работи Хајко Мас и со државниот министер надлежен за Европа Михаел Рот.

Целта на посетата е да се продолжи високиот политички дијалог со Германија, но и да се реафирмираат германските позиции во однос на нашето европско досие, особено пред одржувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија.

Од Берлин, Османи продолжува за Полска каде ќе учествува на „Безбедносниот форум во Варшава”. Ќе оствари средби со неговиот полски колега, министерот Збигњев Рау, но и со финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто и со други значајни политички претставници активни во сферата на безбедноста и транс-атлантските односи.

В среда, Османи ќе се приклучи на државната делегација, предводена од претседателот на Владата, со цел учество на Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој се одржува во Брдо кај Крањ, во Словенија.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот