ЕУОбсервер: Визниот режим за земјите од Западен Балкан е доведен во прашање, Османи уверува дека опцијата за членство е без алтернатива

Бујар Османи/ Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Бриселската агенција ЕУОбсервер објави  интерен документ на земјите членки во ЕУ во кој се истакнува дека слободниот визен режим со земјите од Западен Балкан, Молдавија, Грузија и Украина повторно се доведува во прашање.

Според овој документ, Германија, Франција и Италија се гневни за „злоупотребата” на визниот режим од страна на граѓани на земјите од Западен Балкан, како и на трите земји од Источното партнерство, кои бараат исто така формално членство во ЕУ.

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи  во гостувањето на Утрински брифинг, појаснува за овој извештај дека сепак ЕУ е посветена на членство на регионот и ЕУ, и таа опција е без алтернатива.

-Во подготовските на телата на ЕУ за заедничката декларација која треба да се усвои на Самитот во Брдо се појави дилемата дали овој самит е воопшто за проширување и дали зборот „проширување“ треба да стои во тој документ. Некои го интерпретираат како продолжување на евроскептицизмот на одредени држави, што не е ништо ново, други го интерперетираат повеќе во дефинирање на конкретниот самит, дали е самит на проширување или е самит во кој само се покажува фокусот на ЕУ кон Западниот Балкан. Која варијанта и да е, пораката не е добра, во смисла на унисоноста на ЕУ во односот на Западен Балкан, но не е ништо ново. Има земји членки кои сметаат дека ЕУ претешко функционира за да може уште 6 нови земји членки да дојдат да се зачленуваат, да се закануваат со нивните права на вета, со нивните комесари, вели тој.

Според него се додека доаѓа фон дер Лајен во Скопје и вели дека недвосмислена е поддршката ние само треба да продолжиме да работиме, да се покажеме, докажеме и да ги убедиме дека ние заслужуваме да бидеме таму.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот