Османи: Јас сум уверен дека Ахмети е повикан како сведок во Судот во Хаг

Мислам дека реториката на овие избори воопшто не беше негативна, потенцираше Османи, бевме единствени кои немавме негативна реторика апсолутно кон никого.

Вицепремиерот за европски прашања во владата во заминување и портпарол на ДУИ, Бујар Османи во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма изјави дека го радува фактот што огромен број млади Албанците ставаат профилни слики од Али Ахмети, во однос на неговата покана на Специјалниот суд за правда во Хаг.

-Човекот е жива историја во однос на трансформацијата на улогата на Албанците во регионот, во последните 40 години е клучна и. За мене лично е гордост да се биде негов соработник и јас сум уверен дека тој е повикан како сведок во Судот во Хаг. Ликот на Ахмети има свето место кај Албанците- изјави Османи.

Мислам дека реториката на овие избори воопшто не беше негативна, потенцираше Османи, бевме единствени кои немавме негативна реторика апсолутно кон никого.

-Иако сите беа против нас, ние бевме сами и не се спротивставивме, ниту реплициравме на сите напади и пропаганда врз нас, туку напротив имавме програма, концепт, добри кандидати и ги промовиравме-рече Османи.

Влезен билет за преговори со нас, потенцираше Османи, прво се трите договори; Охридскиот, Преспанскиот и договорот со Бугарија.

-Така се поставивме и ние во текот на кампањата, дека ДУИ е гарант на сите три договори. Треба да имаме гаранција дека таа партија со која подоцна ќе разговараме за практичните прашања, за поделба на одговорноста во институциите, прво треба да се реши таа дилема во однос на трите договори. После ќе влеземе со амбицијата со нашиот кандидат за премиер, со којшто влеговме во кампања, другите ќе влезат со нивни кандидати- рече Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот