Осимен е блиску да потпише нов договор со Наполи

Виктор Осимен („Наполи“)/фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Нигерискиот напаѓач Виктор Осимен (24) е сè поблиску до потпишување на нов договор со Наполи кој вклучува ослободителна клаузула.

Соиграчот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра клучна улога за гигантот од Неапол минатата сезона и придонесе во освојувањето на титулата во Серија А со 26 гола во 32 првенствени натпревари.

Фудбалерот со својот настап го привлече вниманието на неколку европски клубови, меѓу кои и Баерн Минхен и ПСЖ.

Раководството на Наполи сака да ги обезбеди услугите на Осимен до 2027 година и подготвува сериозно зголемување на неговата финансиска заработка од 4,5 милиони евра на 7 милиони по сезона, пишува италијанскиот весник „Гаѕета дело Спорт“.

Новиот договор се очекува да содржи ослободителна клаузула од 100-120 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот