Орбан се сретна со Додик во Бања Лука, два часа разговараа во ресторан зад затворени врати

Додик и Орбан на средба во Будимпешта во 2019 година / фото: ЕПА/ЕФЕ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска во Бања Лука се сретба со членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, кој е на мета на критики и обвинувања од водечките западни земји дека е главен причинител на актуелната политичка криза во Босна и Херцеговина. Водачот на босанските Срби вели дека Западот сака да го укине ентитетот Република Српска и се заканува со прогласување независност.

Орбан во посетата, која ја опиша како „пријателска и работна средба“, го поведе и унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, а Додик на средбата беше придружуван од претседателот на владата на Република Српска, Радован Вишковиќ.

Средбата, одржана во ресторан во Бања Лука, траеше речиси два часа, а разговорите завршија без заедничка изјава за медиумите.

„Благодарни сме ѝ на Унгарија за разбирањето коешто го има за Република Српска“, беше единствената реченица на Додик за разговорите кои од неговото опкружување им е проследена на медиумите.

Пред патувањето во Бања Лука, Виктор Орбан во Будимпешта го прими високиот претставник за БиХ, Кристијан Шмид, кому Додик му го оспорува легимититот бидејќи неговото именување на должноста на го потврди Советот за безбедност на Обединетите нации.

Унгарскиот премиер во септември му беше домаќин на Додик на демократски форум во Будимпешта, една од ретките европски престолнини каде лидерот на босанските Срби, соочен со изразена дипломатска изолација од западните земји, сѐ уште е добро примен.

Пред средбата во Бања Лука, Додик го опиша Орбан како „важен и голем државник“ истакнувајќи ја неговата подготвеност за важните теми да се конфронтира и со другите членки на Европската унија и со Брисел во заштитата на унгарските национални интереси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот