Оптимистичкиот датум за влез на Бугарија во еврозоната е 1 јануари 2025-та

Бугарско знаме / фото Архива

Оптимистички датум за влез на Бугарија во еврозоната е 1 јануари 2025 година, а буџетскиот дефицит од три отсто може да се постигне кон средината на следната година. Вака во емисијата „Недела 150“ на БНР рече Григориј Вазов, член на Фискалниот совет.

„Мое лично мислење е дека пред да почне да се составува новиот буџет треба да има нова фискална цел, бидејќи досега тоа беше цел за опстанок“, рече Вазов.

Според него, мора да се направи нова стратегија за управување со државниот долг. На прашањето дали е остварлив дефицит од три проценти, Вазов посочи дека тоа е можно, но не во временските рамки кои во моментов се креваат во политичките пароли.

„Мислам дека до крајот на годината тоа не може да се направи и логично е да почнеме да го спроведуваме по јули-август следната година – тогаш можеме да сонуваме дека можеме да го постигнеме овој дефицит. Сега е невозможно да се намалат социјалните трошоци, како и трошоците поврзани со поддршката од државата. Немаме време за сериозни инвестиции, немаме ни капацитет да ги направиме овие капитални расходи кои би донеле сериозен поврат на буџетот за да постигнеме дефицит од три проценти. Овие три проценти ќе почнат да стануваат реалност по средината на 2024 година“, објасни Вазов.

Во однос на влезот во еврозоната од 1 јануари, Вазов посочи дека тој не може да се спроведе, бидејќи нема да можеме да се исполнат параметрите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот