Општина Демир Хисар ќе ангажира волонтери за помош во здравствената криза

Општина Демир Хисар објави повик за пријавување на волонтери кои доброволно ќе се вклучат и помагаат во актуелната здравствена криза. Од тамошната локална самоуправа информираат дека волонтерите ќе бидат ангажирани со цел да им помагаат на лица кои се заразени од ковид-19 и лица во самоизолација.

– Волонтерите кои ќе се пријават доброволно, ќе вршат набавка и достава на потребни прехранбени производи, набавка на лекови и други намирници до оние семејства кои имаат потреба од истите, а во соработка и координација со Општинскиот кризен штаб, посочуваат од секторот за односи со јавност и апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките за заштита и превенција од вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот