Општина Центар набави 16 смарт табли, проектори и компјутери за основните училишта

смарт табли

Набавени се 16 смарт табли, проектори, тавански држачи за проектори и кабли, печатач и компјутери за основните училишта во Центар, од страна на одделението за образование при Општина Центар.

Како што информираат од Општината, набавката е со цел основците да имаат комплетна можност за реализирање на современа настава, користење на дигитални учебници, еду-платформи, вклучување во разновидни проекти, он лајн работилници и слично, како и дополнителна алатка за развивање на иновативноста.

Нема ништо поважно од вложувањето во училиштата и образовните институции, каде што е развојот на нашата иднина. Вложувањето во квалитетното образование не подразбира само вложување во човечки ресурси или инфраструктурни зафати туку и во нагледните средства како важни во севкупниот наставен процес, изјави Горан Герасимовски, градоначалникот на Општина Центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот