Опасно е да не знаете каков крвен притисок имате

Фото: Профимедиа

Според извештајот за 2023 година на Американското здружение за срце (American Heart Association), скоро половина од Американците над 20 години, или повеќе од 122 милиони луѓе имаат висок крвен притисок, објави „Саенс алерт“ (Science alert).

Дури и ако бројките ви се нормални во моментот, голема е веројатноста да се зголемат со текот на годините, така, три четвртини од американското население над 65 години има висок крвен притисок. Позната и како хипертензија, оваа состојба на висок крвен притисок, е огромен ризик фактор за бројни срцеви заболувања и удари.

Здружението откри дека повеќето Американци не го знаат опсегот за нормален или здрав крвен притисок, и уште позагрижувачки е фактот што мислат дека го знаат. Истражувачите анкетирале повеќе од 6.500 Американци, за нивните сознанија за крвниот притисок. Во студијата, која е објавена во јануари оваа година, откриваат дека 64 отсто од испитаниците биле самоуверени во врска со своите сознанија за крвниот притисок, но само 39 отсто всушност ги знаеле точните мерки за нормален крвен притисок.

Вакви погрешни сознанија, можат да бидат фатални за некои луѓе, поради тоа што ќе ги спречи да побараат помош за регулирање на крвниот притисок. Причината за овие погрешни сознанија доаѓаат од лекарските ординации, каде не се обраќа внимание на крвниот притисок кај сите, туку лекари се фокусираат само на проблемот за кој е дојден пациентот. Поради ова, само еден од четворица пациенти со висок крвен притисок ќе побараат помош и ќе го регулираат притисокот. Покрај ова, загрижува и фактот што хипертензијата вообичаено нема видливи симптоми, се вели во новата студија.

За да се намали ризикот од срцеви удари, многу е важно луѓето да ги знаат точните мерки за нормален крвен притисок, ова особено важи за пациенти со срцеви и бубрежни заболувања и дијабетес.

Крвниот притисок се мери со два броја. Првиот број го покажува систолниот притисок, кој го покажува притисокот на крвта во артериите додека отчукува срцето. Додека вториот број, го покажува дијастолниот притисок, кој, пак, го мери притисокот на крвта во артериите помеѓу срцевите отчукувања.

Нормален или здрав крвен притисок треба да биде под 120/80 (mm Hg) за возрасни.

Првата фаза на хипертензија, што се смета за почетна фаза на висок крвен притисок започнува со 130/80.

Втората фаза на хипертензија, што е понапредна состојба на висок крвен притисок започнува со 140/90.

И двете фази се критички важни, бидејќи секое зголемување за 20 mm Hg на скалата во систолниот притисок, и 10 mm Hg во дијастолниот притисок, ги удвојува шансите за смртни последици од срцев и мозочен удар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот