Опасни преносители на бактерии од чантичката за шминка

шминка

Одредени навики за разубавување може да доведат до непријатни миризби, бактерии, па дури и мувла во вашата торбичка за шминка, кои се потенцијално опасни. Еве што треба да се задржи и она што треба да се исфрли за хигиена во чантата:

Фрлете ги сунѓерчињата за лице доколку се постари од три дена. Ако сте во движење, најдобар начин за чистење на лицето се влажните марамчиња. Тие не само што брзо и ефикасно ја отсрануваат шминката, пред повторно да ја нанесете со чисто сунѓерче, туку и ги отстрануваат бактериите од кутивчињата на шминките кои ги носите со себе. После секоја употреба на шминка, исчистете го кутивчето со влажно марамче.

Никогаш не користите мешавина на кармини или сјаеви за уста. И не нанесувајте на устата сјај или кармин со прсти. Усните се најкритичното место за собирање на бактерии и лесно може да ги пренесете од еден кармин на друг. Нечистите прсти, па дури и ноктите, се исто така извор на преносување на бактерии кои потоа од шминката брзо се шират на другите производи за разубавување во чантичката.

Редовно чистете ги четките за нанесување на шминка. Нови истражувања покажуваат дека четките се најголемите преносители на бактерии во торбичката за шминка. Препорачливо е четките за нанесување на шминка да се чуваат во друга торбичка, посебно од останатата шминка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот