Опасен тренд се шири на социјалните мрежи: Не јадете го, тоа е отров!

Фото: Carissa Rogers/Flickr

Боракс долго време е дел од многу домаќинства како средство за чистење и засилувач за детергент за перење алишта.

Сега, промоцијата на таа „хемија“ се шири преку социјалните мрежи, а некои ја промовираат како нешто што ќе ви го подобри здравјето.

Лекарите овој нов тренд го сметаат за крајно опасен.

„Како лекар, јасно и категорично ви велам, никогаш не пијте и не јадете боракс во која било количина“, рекла д-р Џенифер Аштон за „Еј-би-си њуз“.

„Тоа е токсин. Тоа е отров“, додала таа.

Луѓето кои ги споделуваат овие информации на социјалните мрежи предлагаат бораксот да се пие или да се јаде како додаток на јадењата, а кој наводно може да помогне да се намалат воспаленијата и да се прочисти телото.

Д-р Аштон истакнува дека бораксот не само што е штетен туку и непотребен, бидејќи телото има свои методи на природно прочистување.

„Нашата кожа, белите дробови, бубрезите, дигестивниот тракт и црниот дроб постојано го прочистуваат телото“, рекла д-р Аштон.

„Телото е исклучително паметно кога станува збор за физички механизам и чистење, така што всушност не ви се потребни никакви додатоци за тоа“, рекла таа.

Аштон додала дека навиките како вежбање, исхрана, внесување вода и пушење може да ги зголемат или намалат воспаленијата во телото.

„Треба да се фокусираме на здрави навики ако сакаме да го намалиме воспалението и да го подобриме здравјето“, рекла таа.

Кога станува збор за трендот на консумирање на боракс за да се намали воспалението, Аштон истакнала дека „ризикот е значителен, а корист речиси нема“.

Изложеноста на боракс – комбинација од борон, натриум и кислород – може да доведе до симптоми како што се иритација на очите, отежнато дишење, кашлање и крвавење од носот, според американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Доктор Дарен Сатон, лиценциран лекар за итна медицина, исто така, напоменува дека високите нивоа на консумирање боракс може да предизвикаат откажување на бубрезите, затајување на бубрезите и смрт.

„Симптомите можат да започнат како гадење, повраќање, дијареја“, рекол Сатон и додал:

„Можам да разберам како бораксот може да изгледа многу невин и безопасен, но во реалноста тоа навистина не е, особено ако имате некој поголем ризик за кој можеби не сте свесни додека не завршите во итната служба“.

Сутон заклучил и нагласил дека е важно да се проверуваат изворите кога станува збор за здравствени совети на социјалните мрежи.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот