„OnlyFans“ ги врати профилите на руските креатори, откако беа блокирани по инвазијата на Украина

only fans
Девојка со лаптоп, Фото: Unsplash

По економските санкции во Русија поради инвазијата на Украина, руските креатори на „OnlyFans“, платформа за содржини за возрасни, беа блокирани од нивните профили, пишува „RollingStone“.

Збунетите модели на „Твитер“ споделија слики од пораките на клиентите во кои добиваат информации дека не можат да им платат за нивната работа.

„Ве молиме, бидете информирани дека вашата земја не е поддржана за исплати, затоа не можеме да ви помогнеме во врска со тоа прашање во моментов“, гласи една од пораките.

Фото: Профимедиа

Во неделата навечер,  компанијата „OnlyFans“ соопшти дека успеале да ја врати активноста на профилите на создавачите на содржина за возрасни во сите земји.

„Нивните сметки ќе имаат целосна функционалност сè додека ние продолжиме да имаме начини на плаќање за да ги поддржиме“, рече портпаролот. „Не прекинавме или суспендиравме ниедна сметка на создавачи врз основа на локацијата на создавачот и правиме сè што можеме за да ја поддржиме нашата заедница.

Исповед на мајка: Го мразам името на син ми, ме потсетува на бившиот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот