ОМО Илинден-Пирин: Голем срам и предавство би било ако Македонија се откаже од своите во Бугарија

Стојко Стојков, ОМО Илинден-Пирин / Фото: Архива на Слободен печат

Организацијата на Македонци во Бугарија ОМО Илинден Пирин вели дека би било „голем срам и предавство“ доколку Македонија се откаже од своите сонародници во Бугарија.

Во изјава за Сител, од организацијата укажуваат дека е парадоксално тоа што и новата влада на Кирил Петков инсистира на почитување на правата на Бугарите во Македонија, а од друга страна Македонците во Бугарија на секој чекор се дискриминирани и негирани. Дилемата дали има место во бугарскиот Устав за малцинствата е лажна, вели првиот човек на организацијата на Македонците во Бугарија Стојков, потсетувајќи на изјавата на Петков дека македонско малцинство во Бугарија не постои.

Стојко Стојков, ко-претседателот на ОМО Илинден-Пирин, од владата во Скопје бара да покаже интегритет и да не отстапува од идентитетот и своето малцинство во моментов кога ЕУ и САД вршат силен притисок врз двете страни да се деблокира процесот.

Организацијата и покрај 16 пресуди од Европскиот суд за човекови права, сѐ уште не може да се регистрира како политичка партија во Бугарија. ОМО Илинден Пирин побарала и состанок со премиерот Петков, но биле одбиени, а им било посочено дека комуникацијата може да се одвива само по писмен пат. Од организацијата очекуваат наскоро да се оствари средбата со македонскиот претседател Стево Пендаровски, која беше одложена поради пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот