Охридската градинка демантира: Дезинфекцијата не се вршеше во присуство на деца

Фото: Фејсбук

Дезинфекцијата не се вршеше во присуство на децата. Децата беа повлечени во холовите или во дворот на објектите, вели за „Слободен печат“ Мери Рилкова, директорката на охридската градинка „Јасна Росица“, од која на социјалните мрежи беше објавена фотографија на која се гледа како во градинката се врши дезинфекција во присуство на деца. 

Рилкова објасни оти дезинфекцијата се вршела со дизентал, кој редовно се употребува за дезинфекција во градинките.

Средството со кое се вршеше дезинфекција е дизентал кое секојдневно се употребува во пропишани дози за дезинфекција на раце, играчки, подови. Тоа е безбедно за употреба и биоразградливо. Според нормативите и протоколите е дозволено за употреба за хигиена во градинката како безбедно и без нус појави, што значи дека досега немаме поплаки од родители и несакани алергиски реакции – додава Рилкова.

Во медиумите се појави и информација за дете кое се здобило со алергиска реакција поради извршената дезинфекција, но Рилкова вели оти тоа дете не се наоѓало таму во тој момент, дополнувајќи дека станува збор за вонредна дезинфекција поради зголемениот број на позитивни случаи со ковид-19 во Охрид.

Дезинфекција пред деца во охридска градинка, едно од нив добило воспаление на очите

Детето што наводно добило воспаление на очи оди во јасли во објектот „Росица“, а во тие простории тој ден не се прскаше заради возраста на децата, а тоа редовно се прави по нивно заминување. Ова беше вонредна дезинфекција поради порастот на заболени од ковид-19 во нашиот град Охрид. Инаку се врши редовна дезинфекција од Центар за јавно здравје и повторно вонредна од нив доколку некоја група била во изолација со што се почитуваат сите протоколи и се постапува по алгоритам донесен од Комисијата за заразни болести преку МТСП – нагласи Рилкова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот