Дезинфекција пред деца во охридска градинка, едно од нив добило воспаление на очите

Фото: Фејсбук

Вчера го пријавив случајот во санитарната инспекција и тие денеска ќе излезат да направат увид и во градинката и во јавното претпријатие и во Општината, за да видат кој има побарано да се изврши дезинфекцијата, вели за „Слободен печат“ Сашо Донев, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, кој на социјалните мрежи објави фотографија од охридската градинка ЈОУГД „Јасна Ристеска“, на која се гледа како се врши дезинфекција во градинка во присуство на деца. 

– Дезинфекцијата е направена во работен ден, во петок, но тоа треба да се направи во неработен ден, на пример во сабота, кога во градинката нема деца – вели Донев, истакнувајќи дека дезинфекцијата ја вршеле од охридското комунално претпријатие, а не од Центарот за јавно здравје, потенцирајќи дека тие немаат лиценца за тоа. 

– Јас проверив дали имаат лиценца, бидејќи на сајтот на Министерството за здравство пишува кои институции или приватни лица имаат добиено лиценца за да можат да вршат дезинфекција. Таму не го најдов, а потребни услови за да добиеш лиценца за таа работа се да имаш вработено доктор, лаборанти, медицински техничари, а такви вработени во јавно претпријатие нема. Единствени кои можат да вршат таква работа се Центар за јавно здравје и никој друг во Охрид. – нагласи Донев.

Поединечни медиуми вчера објавија дека едно дете кое било присутно во градинката се здобило со инфекција на очите, а Донев вели дека инфекцијата е добиена бидејќи детето било изложено на хемикалии.

– Вчера имаше и изјава од родител по телевизиите, а и доктор во лекарски извештај дефинирал дека воспалението е поради изложеност на хемикалии, точно дефинирано дека поради дезинфекцијата се случило воспаление на очите, што е уште еден доказ дека не било потребно д се врши дезинфекција во присуство на деца – заврши Донев. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот