Огласите за вработување сомнителни, се бараат матичари со диплома од одбрана или од правен?

Обезбедени дополнителни 284,9 милиони денари за нови 1.216 вработувања преку Оперативниот план за вработување/ фото: МИА

За советник во подрачните одделенија за матично работење во Прилеп и Битола се барало лице со завршени правни науки или пак одбрана. Ова е само еден од примерите за кои алармира „Транспаренси интернешнл“ и Државната комисија за спречување корупција.

Тие, следејќи го исполнувањето на препораките до властите за вработување во јавната администрација, посочуваат и дека Агенцијата за слободен пристап до информации барала помлад соработник со завршени правни, историски или економски науки.

Од „Транспаренси“ и ДКСК дополнуваат дека Владата постапила спротивно на нивните сугестии за привремени вработувања, бидејќи на определено работно време ангажирале 119 извршители. Сепак, оттаму информираат дека институциите имаат уште време да ги поправат небулозите и забележуваат дека веќе се преземаат активности.

– Генералниот заклучок е дека постои политичка волја за остварување на препораките, но за да може да постојат конкретни видливи резултати институциите мора да се координираат и со заедничка соработка да преземаат конкретни мерки за доследна имплементација на препораките, се вели во заедничкото соопштение. Во соопштението се додава дека  досега од вкупниот број препораки 47 отсто се спроведени делумно, додека 53 отсто не се спроведени.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот