Официјално: Томас Тухел е новиот тренер на Баерн Минхен

фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Како што и се најавуваше, тоа го потврди актуелниот германски шампион, прекината е соработката со досегашниот тренер Јулијан Нагелсман.

Оваа одлука ја донесоа извршниот директор на Баерн Минхен, Оливер Кан и членот на одборот за спорт Хасан Салихамиџиќ во консултација со претседателот на клубот, Херберт Хајнер.

Нагелсман минатиот викенд претрпе пораз од Баер Леверкузен, што им овозможи на фудбалерите на Борусија Дортмунд да го преземат моментно врвот во германскиот шампионат.

Баерн и натаму е во трката за одбрана на титулата во Бундес лигата, после 25 кола заостанува само еден бод зад „милионерите“, а воедно ќе игра четвртфинале во Лигата на шампионите против Манчестер сити.

Веќе е пронајден наследникот на Нагелсман, тоа ќе биде Томас Тухел кој ќе има договор со баварскиот гигант до 30 јуни 2025 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот