Томас Тухел ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен?!

фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Иако до сега нема никаква потврда од клубот, Баерн Минхен одлучи да се раздели со тренерот Јулијан Нагелсман, пренесува „Билд“.

Баварскиот клуб кој е во трката и сезонава да ја освои Бундес лигата, а воедно се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Но, очигледно управата на актуелниот германски првак не е задоволна од однесувањето, одлуките, постапките, па и облекувањето на младиот тренер (35) за кој платија на Лајпциг му платија дури 25 милиони евра надомест.

Познато е и кој ќе го наследи Нагелсман, според новинарот Фабрицио Романи тоа ќе биде Томас Тухел, кој претходно ги водеше Борусија Дортмунд, Челси и ПСЖ.

Постигнат договор, подготвени се документите и Тухел веќе го прифатил новиот тренерски предизвик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот