Официјално: Луис Суарез потпиша за бразилскиот Гремио

фото: gremio.net

Уругвајската легенда Луис Суарез има нов клуб во својата богата кариера. По шест месеци поминати во родниот Насионал, тој потпиша договор со Гремио.

Ова бразилскиот клуб и официјално го потврди на официјалните профили на социјалните мрежи.

Официјално 35-годишниот напаѓач потпиша договор кој ќе трае до декември 2024 година.

Суарез претходно беше настапуваше и за екипите на Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид.

Со Барса ја освои Лигата на шампионите, а со репрезентацијата на Уругвај дојде до титулата на „Копа Америка“ во 2011 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот