Официјално: Кристијан Пулишиќ е нов фудбалер на Милан

фото: EPA-EFE/JOSE SENA GOULAO

Денеска Милан објави дека ново летно засилување е Кристијан Пулишиќ кој доаѓа од редовите на Челси.

Американското крило официјално потпиша договор со „росонерите“ кој ќе трае до 30 јуни 2027 година, со опција за продолжување на истиот до 30 јуни 2028 година.

Професионалната кариера ја почна во Борусија Дортмунд во чии бои дебитираше за првиот тим во јануари 2016 и запиша 19 голови во 127 настапи. Со „црно-жолтите“ успеа да се закити со еден трофеј во Купот на Германија.

Во јануари 2020 се пресели на „Стемфорд Бриџ“, вкупно 145 пати го носеше дресот на лондонските „сини“, забележувајќи 26 голови, и освојувајќи по една титула во Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот и ФИФА Светското клупско првенство.

За најдобрата репрезентација на САД има 60 настапи со реализирани 25 погодоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот