ОФИЦИЈАЛНО: Косово не го признава српскиот пасош, само личната карта

РСЕ

Влезот и излезот од Србија во Косово и обратно, се реализира само со лична карта, изјавија претставници на косовската Влада во заминување по појавувањето на загриженоста на неколку граѓани Срби кои живеат на Косово дека граничната полиција не дозволува движење со српски пасоши. Според нив, ова се заснова на договорите постигнати во Брисел за слободно движење, постигнати меѓу Приштина и Белград во јули 2011 година.

Косовскиот министер за внатрешни работи во оставка, Екрем Мустафа, во изјава за Радио слободна Европа, потврдува дека за време на движењето може да се користи само личната карта, но не го негира фактот дека имало обиди да се помине и со српски пасоши кои се издаваат од Координативната дирекција во Министерството за внатрешни работи на Србија.

– Во овие случаи, Граничната управа интервенирала затоа што, според податоците, патувањето се случило со пасош. Пасошот не се признава како патна исправа меѓу овие две држави според договорот од Брисел – рече Мустафа.

Во Договорот за слободно движење се вели дека „граѓаните (со постојан престој) на двете страни треба да имаат можност да патуваат слободно во територијата или преку територијата на една и другата и на граничните премини да се движат само со личнa картa“.

Слично нешто и се случи и на новинарката на Радио слободна Европа на српски јазик, Жарка Радоја, која ја мина границата во вторникот вечерта меѓу Косово и Србија.

– Поради информациите што ги слушнав дека не дозволуваат лицата со пасош да поминат на Косово, јас на косовскиот полицаец му го покажав пасошот за да ја видам неговата реакција. Полицијата ме праша дали случајно имам лична карта со себе. Му реков дека имам, но го прашав зошто доколку го имам и пасошот. Тој ми рече дека е подобро да поминам со лична карта, а потоа тој ми кажа да ги информирам сите што ги знам да ги носат личните карти, бидејќи не можат да влезат и ниту пак да излезете од Косово со српски пасош – вели Радоја.

И Богољуб Маринковиќ, сопственик на транспортната агенција „КимКо“ од Грачаница, која се движи во насока Грачаница – Белград, вели дека патниците не можат да патуваат со пасош.

– Не само со пасошите издадени за Косово, туку и со српските пасоши. Со српски пасош не може да влезете во Косово, може со лична карта, децата можат да влезат со изводите со фотографија, но со пасош не можат. Прво ги известуваме да не патуваат ако имаат српски пасош. Пасошите издадени од Министерството за внатрешни работи на Србија не се валидни на Косово – рече Маринковиќ.

Инаку, во 2009 година, кога на Србија и беше одобрена визна либерализација, во тоа време донесе регулатива со која сите оние што имаат живеалиште во Косово патните исправи да им ги издаде Координативната дирекција на Министерството за внатрешни работи на Србија во Белград, и кои во Косово се сметаат за неважечки. Нивните корисници не можат да патуваат без визи во земјите на ЕУ.

Поранешната министерка за Дијалог на Косово, Едита Тахири, вели дека пасошите на српските граѓани издадени од паралелни структури не се валидни. Што се однесува до движењето таа вели дека во Косово се спроведува договорот за слободно движење и што се овозможува само преку лична карта и не со пасош.

– Кога косовските граѓани патуваат на аеродромите во Србија за трети земји, нивниот пасош се признава и кога ја напуштаат Србија, како транзитна земја, во излез нивниот пасош се потврдува. И што се однесува до граѓаните на Србија тоа е истото, со лична карта тие можат да влезат во Косово. Ако го користат приштинскиот аеродром за да одат некаде, тие треба да имаат пасош, а овие нелегални пасоши издадени од паралелниот механизам (Координативната дирекција Министерството за внатрешни работи на Србија) тие не важат, тие се нелегални и не се признаваат – рече Тахири за Радио Слободна Европа.

На ова реагираше и српската премиерка Ана Брнабиќ, велејќи дека забраната за влез со српски пасоши е најдобриот показател дека во оваа „квази држава“, не се знае „кој пие, а кој плаќа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот