Одржан последниот предизборен митинг: Ципрас очекува победа на утрешните избори во Грција

Грчкиот премиер и претседател на СИРИЗА, Алексис Ципрас синоќа во Атина, на плоштадот Синтагма го одржа последниот предизборен митинг во пресрет на утрешните локални и европски избори.

Од премиерската палата до плоштадот Синтагма, Ципрас стигна пеш, растојание од околу 800 метри. Се движеше меѓу поддржувачите на СИРИЗА кои го поздравија со аплауз, а потоа им се обрати од специјалната и малку поинаква бина поставена ниско, токму пред грчкиот Парламент.

Упати порака дека Атина го дава конечниот одговор, „Грција не се враќа назад“ но и порака на победа во недела, а од граѓаните побара глас на доверба за владината политика.

– Во недела гласаме за европскиот парламент, гласаме за општините и перифериите, но веќе е познато за сите, во сите делови на Грција дека гласаме и за нашиот живот. Во недела, не одлучуваме само кои претставници ќе ги пратиме во Европскиот Парламент, туку во недела ќе одлучиме со кој план ќе се движи земјата, сега кога излеговме на постмеморандумската ледина, сега кога можеме слободни да го планираме следниот ден за нашата татковина со кој план ќе чекориме – истакна грчкиот премиер во неговиот едночасовен говор.

Прочитајте и...  Во Бразил над 35 илјади нови случаи, сопругата и ќерките на Болсонаро негативни на ковид-19

На крајот од говорот под звуците на „Bella ciao“, Ципрас им се заблагодари на граѓаните и рече дека нивното присуство „испраќа порака на победа“.

– Денешниот собир донесе порака на победа и оваа порака во недела вечер ќе стигне на изборите, ќе стигне од еден на друг крај низ цела Грција и во Европа – порача Ципрас.

Членовите, поддржувачите на СИРИЗА кои вчера на Синтагма го следеа последниот предизборен митинг на партијата и говорот на Алексис Ципрас, во разговор со дописничката на МИА од Атина изразуваат убеденост дека СИРИЗА повторно ќе биде победник. И на утрешните двојни избори, но и на следните парламентарни.

– Само нашиот лидер можеше да ја извади земјата од кризата, но знаете што? Направи и нешто многу поважно. Го реши проблемот со вашата земја. Му симнувам капа за тоа. Сега веќе сме пријатели – вели Василис повозрасен поддржувач на СИРИЗА.

Прочитајте и...  Ахмети од Охрид ги повика граѓаните да гласаат за прв премиер Албанец

-Малку ме загрижуваат истражувањата на јавното мислење кои даваат предност на Нова демократија, но од друга страна анкетите, во минатото се покажа дека не се секогаш точни. Верувам во Алексис и во неговата политика, ќе победиме – коментира повозрасна Гркинка додека го чека грчкиот премиер да се обрати.

– Не верувам дека Нова демократија може да добие повеќе гласови од СИРИЗА споредено со изборите во 2015. Кој би гласал сега за Мицотакис, а не за Ципрас, особено по пакетот мерки? Посебно на парламентарните избори на есен. Убедена сум дека СИРИЗА ќе биде на власт и во следните четири години – вели младата Натаса.

Прочитај повеќе

Курсна листа на НБРМ: Колкава е вредноста на еврото денеска?

Слободен печат

Светот допрва ќе ги осети последиците од короната: Вниманието е на вирусот, а демнее опасност за која никој не збори

Слободен печат

Протестите во Србија продолжуваат шести ден по ред

Слободен печат

Богојески: Гласајте за 10 за слободни медиуми, за кривично дело лажно политичко ветување

Слободен печат

Сувенири од 360.000 евра за промоција на Скопје 2014 шест години скапуваат во подрум

Слободен печат

Хоти: Приштина во дијалогот со Белград влегува единствено заради меѓусебно признавање

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Шекеринска: Десетина дена пред нападот во Собранието ќерката на Дурловски ми седеше во скут додека и читав приказна

Слободен печат

Четврти ден протести во Бугарија: Демонстрантите бараат оставка од Владата и јавниот обвинител

Слободен печат

Заев: Со седење дома на ден на избори, помага само да се врати режим

Слободен печат

Мицкоски: Нудиме 1.000 решенија за 1.000 проблеми

Слободен печат

Спасовски и Филипче во Куманово: На 15 јули гласајте за сигурно здравство

Слободен печат

Еколошка катастрофа: На Арктикот истекле 45 тони гориво

Слободен печат