Одрони на патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани

Фото: МИА

Во близина на селото Истибања, по магистралата А3 и патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани, утрово се забележани поголеми одрони. Паднатите карпите се наоѓаат на дел од коловозот, а сообраќајот засега се одвива по местото каде истите можат да се заобиколат.

Од ЈП „Македонија пат“ информираат дека нивни екипи со механизација веќе се упатени кон месноста Драките каде се наоѓаат одроните, се со цел истите да бидат отстранети.

– Се работи за поголеми карпи на терен кој е подложен на одрони и каде во минатото имаше и поголеми такви карпи, заради што возачите секогаш претпазливо се движат на оваа релација. Во очекување сме расчистувањето да заврши бргу и сообраќајот повторно да се одвива без проблеми по двете коловозни ленти, информираат од претпријатието.

Апелираа на почитување на сообраќајната сигнализација и приспособување на брзината пред самата делница.

– Се надеваме дека ќе се почитува апелот. Она што е важно е што, што не е забележана материјална штета или возила зафатени од одроните, додаваат од Македонија пат.

Во изминатите неколку години овој патен правец често е подложен на паѓање на карпи заради што во неколку наврати истиот беше дополнително обезбедуван.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот