Одбраната на Камчев тврди: Неговото здравје е влошено и врз него се врши тортура

Фото: СП. / Драган Митрески

Одбраната на Јордан Камчев тврди дека просторијата во која е во притвор е под сите минимални стандарди, нема дневна светлина и дека тој не добива вода за пиење секој ден. Ова за Плусинфо го вели одбраната на Камчев и додава дека врз него се врши тортура.

„Оваа ситуација на нехуман, нечовечки и понижувачки третман и тортура само придонесува здравјето на Камчев да се влошува од ден на ден, за што беа предупредени правосудните институции и им беше доставена целокупна медицинска документација од наша страна. За жал, досега нема никакво дејствие од нивна страна ниту каков било одговор“, вели одбраната.

Адвокатите на Камчев велат дека во текот на денешниот ден и официјално ќе се обратат до Комитетот за превенција на тортура при Советот на Европа, Асоцијацијата за превенција од тортура од Женева, македонскиот народен правобранител (Оддел на национален превентивен механизам), како и до македонскиот „Хелсиншки комитет“.

Од друга страна, пак, Филип Андов, директорот на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, каде што Камчев е во притвор, вели дека не се точни наводите дека е влошено здравјето на Камчев. Тој за „А1он“ тврди дека во осум дена трипати била проверувана неговата здравствена состојба.

„Како притвореник не се пожалил на здравјето за веднаш да треба да се излезе во пресрет за што било. Притворениот редовно ја зема и терапијата што му е препишана, а му ја дава домскиот доктор. Просторијата во која е сместен е за изолација, а има помали и поголеми од таа, каде што има и повеќе луѓе. Капацитетот е тој. Се отфрлаат шпекулациите и дека се врши тортура. Притворениот не се пожалил до мене и заповедникот, не пишал ништо“, вели директорот Андов за „А1он“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот