Одбојкарите на Струмица се на чекор до 11 шампионски пехар

фото: vfmkd.org.mk

Струмица 47&72 го совлада Штип УГД со 3:1 (25:18, 15:25, 25:17, 25:15) во третиот натпревар од финалето во машкото одбојкарско првенство на Македонија и поведе со 2-1 во серијата до три победи.

Во салата „Парк“, бранителот на ланската круна не дозволи изненадување, ја задржа предноста на домашниот терен и е чекор до 11 шампионски пехар, 10-ти од 2012 година до сега.

Конор Хенкс запиша 18 поени за струмичкиот состав, Саад Омхени заврши со 16, а Учена Офоха со девет, додека, пак, во тимот на Штип УГД, Махди Задмард се истакна 15, Махди Абхар со 11 и Стефан Алексов со 10 поени, не доволно да се спречи петтиот пораз во седмиот меѓусебен натпревар со ривалот сезонава.

Следниот натпревар од финалето е в четврток во Штип, со триумф Струмица 47&72 ќе слави конечен успех, а доколку штипјани забележат победа, тогаш ќе има „мајсторка“ кај актуелниот првак.

Финале (мажи) – до три добиени натпревари

Струмица 47&72 – Штип УГД 3:1 (25:19, 25:18, 23:25, 25:22)

Штип УГД – Струмица 47&72 3:1 (30:28, 17:25, 25:20, 25:21)

Струмица 47&72 – Штип УГД 3:1 (25:18, 15:25, 25:17, 25:15)

Штип УГД – Струмица 47&72 (четврток 25.04.2024)

Струмица 47&72 – Штип УГД (недела 28.04.2024)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот