Одбојкарите ќе имаат контролни мечеви во Кавадарци против Израел и Јапонија

фото: фејсбук - Одбојкарска федерација на Македонија

Денеска е последниот тренинг на најдобрите македонски одбојкари во салата „Јане Сандански“ – Скопје, по кој подготовките за настапот на Европското првенство ќе ги продолжат во Кавадарци.

Најавени се нови пријателски натпревари преку кои се темпира формата за континенталниот собир, избраниците на селекторот Јошко Миленкоски ќе тестираат против Израел и Јапонија.

Претходно одбојкарите имаат еден заеднички тренинг со селекцијата на Романија и еден официјален натпревар кој го добивме со 3:1 во сетови.

Во салата „Јасмин“ во Кавадарци од четврток до недела, љубителите на одбојката ќе имаат можност да гледаат по еден натпревар дневно, а Македонија ќе одигра три во четирите денови на овој контролен турнир.

МАКЕДОНИЈА – Израел (четврток, 20 часот)
МАКЕДОНИЈА – Јапонија (петок, 20 часот)
Израел – Јапонија (сабота, 20 часот)
МАКЕДОНИЈА – Израел (недала, 20 часот)

Овие контролни средби ќе бидат значајни за македонскиот национален тим да ја крева формата пред настапот на ЕП во Скопје од 30 август до 6 септември 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот