Одбележување на Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот

Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија
Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија / Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Во организација на Министерството за надворешни работи, денеска во просториите на Меморијалниот центар на холокаустот – Скопје, ќе се одржи комеморативно одбележување на 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот.

Домаќин на настанот ќе биде заменик министерката за надворешни работи Фатмире Исаки, a ќе се обратaт и министерот за дијаспора на Државата Израел, Нахман Шаи, претседателката на Собранието на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Радојка Хелман-Денковска, амбасадорот на Грција во својство на земја-претседавач со ИХРА, Русос Кондурос, заменик шеф на Мисија во Амбасадата на САД, Ерик Мејер и координаторката на Европската комисија за борба против антисемитизмот и унапредување на еврејскиот живот, Катарина фон Шнурбеин.

По обраќањата на високите гости, како што соопшти МНР, следува панел дискусија на тема Република Северна Македонија – 35-та членка на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот (ИХРА): активности и мерки во борбата против искривоколчувањето на холокаустот и антисемитизмот и улогата на ИХРА во овие области“.

На настанот ќе присуствуваат амбасадори и други претставници на дипломатскиот кор, претставници на државните институции и академската заедница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот