Од отворање на градинките досега: Регистрирани 15 случаи на ковид-19 кај деца и 44 кај вработени

градинка

Од отворање на градинките, на 9 септември до денеска, се регистрирани 15 деца и 44 вработени со позитивни резултати на коронавирус. Во моментот 44 вработени и околу 190 деца се наоѓаат во изолација, информира денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Според информации од епидемиолозите, децата инфекцијата не ја стекнале туку ја носат од своите домови.

– Здравствената состојба на сите нив е добра. Голем дел од нив се излезени од изолација, голем дел и од воспитувачите и негувателите завршиле со изолација и се враќаат на своите  работни места, рече министерката.

Таа додаде дека Владата и надлежните институции будно ја следат состојбата, бидејќи како што рече здравјето на сите граѓани во моментот е нивен приоритет.

Министерката Шахпаска рече дека за тоа кој ќе оди во изолација по регистриран случај на позитивен на коронавирус одлучуваат епидемиолозите врз основа на епидемиолошка анкета.

– Не е изненадувачки доколку некој воспитувач или негувател е позитивен во изолација да одат и цели групи до 15 деца, бидејќи во групите од три до шест години има до 15 деца, рече министерката.

Во врска со информациите за позитивни случаи на вработени и поголем број деца во изолација во градинката „Росица“ во Карпош, Шахпаска појасни дека тоа е градинка со три објекти и бројката од 44 изолирани деца е вкупна бројка од трите различни објекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот