Од коронавирус почина музичарот Васил Ангов

Во Гевгелија по компликации од коронавирус, почина музичарот и пејач Васил Ангов. Тој е трета жртва од Ковид-19 во Гевгелија.

Васил Ангов во 1995 година настапи на фестивалот „Макфест“ каде ја отпеа легендарната „Премногу ти верував“, по која и стана препознатлив Ангов зад себе остави неколку песни „Оди адио“, „Магични зборови“, „Твојот дневник“.
Ангов настапи на Скопскиот фестивал, а препознатлив беше и со неговите настапи во Гевгелија и беше омилен кај публиката заедно со неговиот син Димитар.

Неговиот син Андон, доцна синоќа на фејсбук ја објави веста за смртта на Ангов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот