Од граничните премини вратени 14 лица, МВР ги советува вратените со стар пасош да бараат писмено објаснување

Граничен премин Табановце / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Министерството за внатрешни работи ги советува граѓаните што се вратени од границите на државата со стар пасош да бараат писмено објаснување зошто се вратени.

– Ги информираме оние граѓани кои ќе бидат спречени од страна на граничните полициски службеници да направат излез од државата поради тоа што поседуваат патна исправа со името Република Македонија, дека можат да побараат писмено известување во кое ќе бидат наведени причините поради кои се оневозможени да направат излез – соопшти МВР.

„Слободен печат“ ја праша полицијата колкумина граѓани се обидоа да излезат од Македонија со стар пасош со Република Македонија на 12 февруари, денот кога стапи на сила рокот до кога важат старите патни исправи.

– Ве информираме дека во последните 24 часа на 14 лица на граничните премини при излез им е укажано дека не може да патуваат со патни исправи во кои стои старото уставно име – одговорија од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот