Од денеска пониски цени на зонските паркинзи на „Градски паркинг“

Градски паркинг/ Фото: МИА

Скопјани од денеска плаќаат поевтино за паркирање на зонските паркиралишта кои се во надлежност на „Градски паркинг“. Одлуката, која претходно беше донесена од Управниот одбор на претпријатието, беше усвоена и од Советот на Град Скопје на последната седница.

Од денеска цената за паркирање во зона А0 од 100 денари за час се намалува на 75 денари, во зона А од 50  на 40 денари, во зона Б наместо 40 ќе се плаќаат 30 денари на час, додека во зоните  Ц и Д паркирањето поевтинува од 30 на 25 денари за час.

Со новата одлука не е опфатено паркирањето во катните гаражи на ЈП „Градски паркинг“, каде цената и понатаму останува непроменета.

Претпријатието од денеска за потребите на граѓаните ја става во употреба и шлеп-службата по комерцијална цена од 1000 денари за патничко моторно возило.

За користење на оваа услуга, како што велат од „Градски паркинг“ граѓаните може да се јават на телефонскиот број 02 3246 51 56, од понеделник до сабота, во период од  8 до 22 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот