Од 20 јануари Бугарија дозволува влез на македонските државјани со негативен ПЦР тест

Граничен премин -Деве Баир фото архива на Слободен печат

На сите државјани на Република Северна Македонија од 20 јануари им е дозволен влез во Бугарија со приложување на валиден сертификат за вакцинација против КОВИД 19 или сертификат за прележана болест, заедно со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. За влез на малолетни лица од 12 до 18 години, исто така е задолжителен негативен ПЦР тест, информира Министерството за надворешни работи.

Од МНР нагласуваат дека по интензивната комуникација меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји, надлежните институции на Република Бугарија, донесоа нова одлука за влез во Бугарија на нашите државјани. Поради влошената епидемиолошка ситуација, Северна Македонија продолжува да биде во т.н. Црвена зона, но со најновата одлука се укинуваат ограничувањата за влез за неесенцијални потреби.

Најновата одлука на бугарските власти, ќе стапи на сила од 20 јануари  (четврток).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот