Обвинет во случајот „Тортура“ објасни како бил лишен од слобода Љубе Бошкоски

Оштетениот во случајот „Тортура”, Љубе Бошкоски, дента на неговото апсење на 6 јуни 2011 година не прифатил да се легитимира на полициските службеници од единицата „Алфа”. Обвинетиот Петар Милошески, во продолжение на неговата одбрана ја објасни целата постапка како е лишен од слобода Љубе Бошкоски.

– Тој ја предизвика нашата интервенција. Иако јасно и гласно дадов наредба „стој, застани полиција“. Додека трчаше до колата Ланчија ни се обрати со вулгарни зборови „не ме местете педери, знам кој ме мести“. Преку возилото фрли една кеса. Пробувавме да го смириме, но Љубе Бошковски беше во некоја афектна состојба, објасни обвинетиот Петар Милошески, кој наведе дека и при неговото лишување за цело време негов колега држел пиштол во рацето, но во ниту еден момент не го вперил во главата или лицето.

Случајот „Тортура” го води судијката Александра Ристеска, додека обвинението го застапува јавниот обвинител Љубомир Лапе.

Прв обвинет во овој случај е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој во обвинението поднесено од поранешното СЈО е осомничен за кривично дело „Мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување” од член 142 став 1 в.в. со член 23 од КЗ. За истото кривично дело се осомничени и шест поранешни припадници на единицата „Алфа”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот