Обвинение против гостиварец за ширење расистички и ксенофобичен материјал на Фејсбук

Фoto: Unsplash

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 65-годишник, револтиран од политички настани, на 15.3.2019 година на својот личен профил на социјалната мрежа Фејсбук објавил пост поврзан со терористичките напади во Нов Зеланд. Со статусот тој повикал на насилство кон граѓаните и имотот на Република Северна Македонија.​​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот