ОБНОВЕНО: Земјотресот ја погоди Албанија, а не Македонија – ЕМСЦ објави грешен податок
Земјотресот од 5 степени кој ја погоди Албанија е почувствуван и во Македонија.
Серверите на Европската сеизмолошка опсерваторија паднаа веднаш по земјотресот поради преголемиот сообраќај на нивната веб страница. Во тие моменти на социјалната мрежа Твитер, ЕМСЦ објави дека епицентарот на земјотресот бил во Македонија, а не во Албанија.
earthquake M4.5 in #North #Macedonia and felt in the region. Website and app is slow due to high traffic. Sorry about this
— EMSC (@LastQuake) January 28, 2020
Сепак, откако сервисите на опсерваторијата се вратија во нормала, се поправи и грешката.
Епицентарот бил во Бубч на длабочина од седум километри, и траел неколку секунди.
Според албанските медиуми истиот предизвикал паника кај населението во Драч и во Тирана кои ги напуштиле своите домови.
Министерството за одбрана вели дека досега немало информации за повредени лица или некакви други оштетувања. Земјотресот бил почуствуван и во Косово како и кај нас во Македонија.