Обид за државен удар во Германија: Meѓу уапсените екстремисти и руски државјанин

EPA-EFE/FILIP SINGER

Германската полиција спроведува голема акција против десничарските екстремисти кои наводно планирале да упаднат во зградата на парламентот и да ја соборат владата, а оваа акција ја вежбале со употреба на оружје.

Во рацијата под кодно име „Сенка“ учествувале 3.000 припадници на полицијата кои извршиле претрес во 137 објекти во сопственост на 52 осомничени. Уапсени се 25 осомничени членови на оваа екстремистичка организација.

фото epa

Според сознанијата на полицијата меѓу плановите на осомничените биле, меѓу другото, и изведување „вооружен напад на Бундестагот и приведување политичари“.
Меѓу уапсените има и членови на екстремистичкото движење „Рајхсбиргер“ (Граѓани на Рајхот), кои извесно време се под истрага на полицијата поради насилни испади и расистички теории на заговор. Весникот „Билд“ наведува дека меѓу уапсените осомничени водачи на групата е и Русинот Виталиј Б.

Членовите на тоа движење одбиваат да ја признаат модерната германска држава и сакаат да ја заменат со државен систем по моделот на Германија во 1871 година.

Чов екот опишан како принц и наречен Хајнрих XIII (71) се споменува како клучна личност за нивните планови. Федералните обвинители соопштија дека се упасени наводните водачи во 11 германски покраини.

Осомничените се уапсени во германските покраини Баден-Виртемберг, Баварија, Берлин, Хесен, Долна Саксонија, Саксонија, Тирингија, како и во Австрија и Италија, соопшти канцеларијата.

Тие планираа да ја обноват монархијата
По пучот, екстремистите наводно сакале да формираат влада. Новиот владин апарат според нивните планови требало да се формира како „кнежевство“ според монархиски принципи и да се подели на различни министерства.

Во рамките на групата веќе биле одредени одговорните раководители за одделни одделенија. Тоа, според нивните критериуми, треба да бидат луѓе на влијателни позиции и општествено или финансиски силни, во одредени области од јавниот живот. Во плановите за пуч биле вклучени и поранешни војници на Бундесверот, меѓу нив и поранешни припадници на елитните специјални сили.

EPA-EFE/FILIP SINGER

Заговорниците, соопшти федералното обвинителство, верувале дека можат да ги постигнат своите цели само со „воени средства и насилство врз претставниците на државата“, што вклучувало и убиства и ликвидации.

Германската јавна телевизија ЗДФ објави дека во заговорот бил вмешан и поранешен екстремно десничарски пратеник во Бундестагот, кој според плановите на пучистите требало да биде именуван за министер за правда. „Принцот Хајнрих“ требал да биде лидер на Германија по државниот удар.

„Билд“ наведува и дека неколку лица од уапсените поседуваат легални дозволи за пронајденото оружје.
За време на рација во Баварија во 2016 година, таканаречените граѓани на Рајх застрелаа четворица полицајци, од кои еден им подлегна на повредите во болница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот