О2 Иницијатива: Зошто граѓаните, а не „Екоцентар 97“ ја пријавиле хаваријата во ОХИС?

Граѓанската иницијатива за чист воздух „О2“ на социјалните мрежи излезе со реакција по повод инцидентот во ОХИС, во кој вчера се излеа вода во која имало елементи на токсичната хемикалија метил акрилат мономер.

Реакцијата во продолжение ви ја пренесуваме во целост:

„6 тони вода со елементи на опасна хемикалија, метил акрилат мономер, се излеале денес во ОХИС. Од Институтот за хемија тврдат дека метил акрилат мономер кој истекол, бил токсичен. Со анализи надвор од земјава треба да се утврди колкави елементи на метил акрилат мономер имало во водата. Инспекцијата не може да потврди колку е ова опасно за граѓаните.

Постапувањето со овој опасен отпад, оставен во ОХИС како историски, е даден на фирмата Екоцентар 97 од Скопје да го извезе надвор од државава.

Прочитајте и...  СДСМ: ДИК веднаш да ги поправи грешките и да презентира точни резултати пред јавноста

Интервенцијата и увидот на МВР, инспекциските служби, Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на АРМ, е како резултат на пријава од граѓани кои почувствувале непријатна миризба во околината на фабриката и имале главоболки, печење во грлото и очите.

Прашање до сите надлежни, особено до Државниот инспекторат на животна средина: Зошто фирмата Екоцентар 97 не пријавила согласно протоколот по кој требало да постапува во случај на хаварија?

Хваријата на Арцерол Миттал беше пријавена од граѓани, кога Варадар пожолте, а не од одговорните во челичарата. Сега повторно граѓани пријавуваат зошто смрди, ги печат очи, грло, а не Екоцентар 97.

Граѓаните не треба да се тие кои треба да пријават хаварија која инволвира опасен отпад, токсични хемикалии, зошто ги гледаат, чувствуваат последиците од неа. Одговорните во фирмите, фабриките, погоните се тие кои треба веднаш да пријават до сите надлежни.

Прочитајте и...  Трамп го смени шефот на својата предизборна кампања

Очекуваме највисока казна за Екоцентар 97, една за хаваријата, втора за непријавување и непостапување според протокол и кривична пријава. Воедно и проверка на начинот на кој работат“, стои во реакцијата на О2 Иницијатива.

Прочитај повеќе

Рот му ја честиташе победата на Заев: Во исчекување сме да се фатиме за работи и да ве поддржиме на патот кон ЕУ

Слободен печат

Мета: Многу честитки до албанските партии за високата застапеност во новиот парламент

Слободен печат

Манчевски ја обвини АВМУ за политизација: Телма и Алсат-М го немаат прекршено Изборниот законик со пренесување на изјава на Филипче во својство на министер

Слободен печат

Песков: Русија нема ништо со хакерските напади и мешањето во изборите во Велика Британија

Слободен печат

Ревидиран списокот за влез во земјите на ЕУ: Македонија се уште отсутна, тргнати се и Србија и Црна Гора

Слободен печат

СДСМ: Ги осудуваме опасните повици од страна на Левица, обвинителството да реагира

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Лидерите на ЕУ утре ќе се обидат да постигнат договор за буџетот и планот за закрепнување од кризата

Слободен печат

Болтон: Можно е „октомвриско изненадување“ – Четврта средба меѓу Трамп и Ким Џонг Ун

Слободен печат

Инспектори зеле мостри за анализа од отпадната вода со црвена боја во Вардар

Слободен печат

Ватикан им порача на бискупите да ги пријавуваат сексуалните злосторства во полиција

Слободен печат

Русија обвинета за хакерски напади: Обид да се украдат истражувања за вакцини

Слободен печат

Детска клиника постави монтажна општа амбуланта за заштита од ширење на Ковид-19 меѓу најмладите пациенти (ФОТО)

Слободен печат