Нуклеарниот договор со Иран е во последна фаза, вели Борел

Жосеп Борел
Жосеп Борел / Фото: EPA-EFE/FREDERICK FLORIN / POOL

Највисокиот дипломат на Европската унија, Жозеп Борел, изјави дека Иран и светските сили се многу блиску до договор за обновување на нивниот нуклеарен договор од 2015 година, кој ќе ја ограничи нуклеарната програма на Техеран во замена за укинување на строгите санкции.

Нуклеарните разговори беа блиску до договор се додека Русија во последен момент не ги постави барањата на Соединетите држави, инсистирајќи дека санкциите наметнати на Москва поради нејзината инвазија на Украина не треба да влијаат на нејзината трговија со Иран.

Борел ги даде коментарите при обраќањето на меѓународната конференција на Форумот во Доха.

Енрике Мора, координаторот на ЕУ за нуклеарните разговори во петокот рече дека ќе отпатува за Техеран во сабота за да се сретне со главниот ирански преговарач.

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан оваа недела рече дека нуклеарниот договор може да се постигне на краток рок, доколку Соединетите држави се прагматични.

Но, американските власти беа повнимателни во нивната проценка на напорите за заживување на договорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот