Њујорк тајмс: На Американците со Ковид-19 може да им забранат влез во САД

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп разгледува можност за забрана за влез во земјата на државјани на САД и сопственици на зелена карта ако постојат „основани сомненија” дека тие се инфицирани од коронавирус или друга заразна болест

Информацијата за некои медиуми синоќа ја потврди висок американски претставник. Тој соопшти дека проектот е нормативен акт се уште не е конечно усогласен и може да претрпи измени, а се работи на давање надлежности на граничната контрола да забрани влез во земјата на луѓе ако постојат „разумни сомненија” дека тие се болни од коронавирус или од други болести.

Се претпоставува дека документот, за кој прв синоќа извести Њујорк тајмс, ќе биде објавен од државните Центри за контрола и профилактика на заболувања, кои во САД играат водечка улога во одговорт на пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот