Нухиу: Петмина вработени во МВР заразени со коронавирус

Тој притоа како ризична ја посочува и полициската станица „Петровец“. Ги повикува вработените во МВР да ја зголемат грижата со оваа ситуација.

Петмина вработени во МВР се заразани со коронавирус, објави денеска заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу на неговиот фејсбук-профил. Тој притоа како ризична ја посочува и полициската станица „Петровец“. Ги повикува вработените во МВР да ја зголемат грижата со оваа ситуација.

„Ковид-19 почна да го погодува Министерството за внатрешни работи. Потврдено е дека имаме петмина вработени во полицијата, а во полициската станица „Петровец“ постои можна опасност! Ги повикуваме вработените во полицијата да ја зголемат грижата за време на справувањето со создадената ситуација“, апелираше Нухиу на неговиот фејсбук-профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот