„Нововакс”: Нашата вакцина против коронавирусот е ефикасна 89,3 проценти

Фото: mia.mk

Американската компанија „Новавакс” соопшти дека резултатите од тестирањата во Велика Британија покажале дека нејзината вакцина против коронавирусот е ефикасна 89,3 проценти.

Компанијата наведува дека прелиминарните резултати покажале дека вакцината е речиси исто толку ефикасна и против новиот, позаразен вид на коронавирус, откриен во Велика Британија.

„Новавакс” соопшти дека очекува истражувањето, во кое учествувале 15.000 лица на возраст од 18 до 84 години, да се искористи за поднесување барања за регулаторна ревизија во Велика Британија, ЕУ и другите земји.

Веднаш по дознавањето на резултатите, британскиот премиер Борис Џонсон како многу добра вест ја оцени ефикасноста на вакцината на „Нововакс”.

„Нашето регулаторно тело за лекови сега ќе ја оцени вакцината што ќе се произведува во Тисајд. Доколку биде одобрена, ќе нарачаме 60 милиони дози”, напиша Џонсон на Твитер, пренесен од британските медиуми.

Во истражувањето на „Нововакс” околу 27 проценти од учесниците биле лица постари од 65 години, пренесуваат британските медиуми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот