Новопримените депозити со значајно повисоки камати од пред една година

Просечната каматна стапка на новопримените депозити на домаќинствата во јуни изнесувала 2,87 проценти, што е зголемување за 2,17 проценти во однос на пред една година. Поумерено зголемување има и на вкупните депозити кај домаќинствата. Каматата во јуни изнесувала 1,34 проценти што е годишен раст од 0,69 процентни поени, покажуваат новите податоци на Народната банка.

Корпоративниот сектор има повисоки камати за депозитите и просечната стапка за вкупните депозити во јуни била 1,99 проценти, со што е реализиран годишен раст од 1,02 процентни поени. За новите депозити во јули, каматата во корпоративниот сектор е 2,11 проценти и бележи раст од 0,58 процентни поени на годишна основа.

Раст на каматите има и кај кредитите, но тој е поголем. Така, просечната камата на вкупните кредити во корпоративниот сектор во јуни е 4,86 проценти, што е раст од 1,42 процентни поени. Новоодобрените кредити се со камата од 5,26 проценти и со тоа е реализиран раст од 1,58 процентни поени.

Кај домаќинствата, пак, просечната камата на вкупните кредити е 5,35 проценти, што е за 0,31 процентни поени повеќе отколку во ланскиот јуни. И покрај притисокот од Народната банка преку раст на основната камата, новоодобрените кредити се со пониска камата од просечната камата на вкупните кредити и во јуни нивниот просек изнесувал 5,27 проценти, што е годишно зголемување за 0,76 процентни поени.

Каматната стапка на благајничките записи достигна 6 проценти. Во март 2021 година, таа беше 1,25 проценти и оттогаш постојано се зголемува како мерка за ублажување на инфлаторните движења.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот