Ново прекршување на редот за вакцинација: Информатичар од ГОБ „8 септември“ се вакцинирал преку ред

Градска општа болница 8ми Септевмри, Скопје /Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Вработен во секторот за информатичка технологија во ГОБ „8 септември“ се вакцинирал преку ред иако не бил во првата група здравствени работници кои се најизложени на коронавирусот. Се вакцинирал во четвртокот и со тоа им го зел редот на вработените во ковид центарот, објави А1.он.

– Немам коментар, обратете се во болницата, е официјалниот став на информатичарот.

Без одговор на прашањата од страна на А1он е и директорот на ГОБ „8 септември“, Христијан Костов, кој одбил да објасни како се случило информатичарот да се најде меѓу првите на списокот за вакцинација.

Преку ред се вакцинираше и секретарот на Охридската болница за кој вчера Министерството за здравство соопшти дека ќе биде разрешен и суспендиран.

Разрешен и суспендиран секретарот на болницата во Охрид, санкции за секој што нема да го почитува процесот на имунизација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот