Новиот парк во општина Бутел пуштен во употреба

Фото: Општина Бутел

Во употреба е пуштен новиот парк во Расадник, кој се протега на површина од над 3000 метри квадратни, а за чија изведба беше задолжено ЈП „Паркови и зеленило“.

Граѓаните на општина Бутел добија нова зелена површина, нова зелена вегетација, нанесена е висококвалитетна почва, формиран е тревник со посебен систем за полевање капка по капка, а поставени се и хидранти и прскалки со што ќе се овозможи континуирано одржување на паркот.
Она што до пред само некој месец беше запуштено место, денес е нова урбано уредена површина – информира градоначалникот Дарко Костовски.

Тој најави дека наскоро во употреба ќе биде пуштено и фудбалското игралиште кое ќе биде со специјална подгола, со што целиот овој потег ќе добие сосема нов лик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот