НОВИОТ МИНИСТЕР ЗА КУЛТУРА, Хусни Исмаили, е ревматолог, но има искуство и во културни активности – Слободен печат
ВестиМакедонија

НОВИОТ МИНИСТЕР ЗА КУЛТУРА, Хусни Исмаили, е ревматолог, но има искуство и во културни активности

Имено, Исмаили е доктор по медицински науки, но во неговата биографија доставена до Собранието, пишува дека тој има искуство и во културни активности.

Откако премиерот и официјално потврди дека предлогот за новт министер за култура е Хусни Исмаили, во јавноста се крена прашина околу неговото образование, дека тоа не соодветствува со ресорното министерство кое ќе го води. Имено, Исмаили е доктор по медицински науки, но во неговата биографија доставена до Собранието, пишува дека тој има искуство и во културни активности.

Погледнете кои се тие:

– Уредник на книги

– Организатор на првиот Саем на книгата на приватните албански издавачки куќи

– Уредник во областа на радио драми

– Уредник во изготвување на 90 радио емисии од областа на културата

– Уредник и раководител на 80 телевизиски документарни програми на албански јазик во Македонија и пошироко

– Еден од основачите на Културно-хуманитарната организација Мерхамет-Скопје

– Еден од основачите и член на Управниот одбор на издавачката куќа „Логос-А“ – Скопје и

– Учесник во бројни активности од областа на културата во Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Еден коментар

  1. Е жими Бога, големи достигања во науката и културата. Председателе на Владата Заев! Стависи го прстот на умот и немој поново да им веруваш на тие полтроните околу тебе. Гледај самиот да размислиш и одлучиш. Инаку, ти се наѕира крајот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close