НОВИ ЗАКАНИ: Српската полиција откри уште едно лице кое му се заканувало на Вучиќ

Откако утрово српската полиција уапси жена која е осмничена дека на Твитер упатила закана до децата на претседателот Александар Вучиќ, сега српските медиуми пренесуваат дека полицијата открила  уште едно лице кое исто така упатувало закани до претседателот.

Според овие информации српската полиција идентификувала втора личност која упатила закани до претседателот на државата, Александар Вучиќ.

За потсетување, од претходно српските медиуми го објавија и идентитетот на уапсената жена, а според информациите таа била ќерка и сопруга на лица од српското криминално подземје.

Нејзиниот сопруг бил убиен во престрелка во 2008 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот