Нови детали за заминувањето на Лео Меси од Барселона, сето тоа беше масло на претседателот на Реал Мадрид?!

Перез им оддаде почит на три легенди кои изминатото лето си заминаа од Реал Мадрид/ фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Заминувањето на Лионел Меси во ПСЖ, навивачите на Барселона никогаш нема да го преболат, а денеска сол на раните им стави претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас.

Тебас во разговор за шпанското радио Копе откри низа случувања кои влијаеја Меси по 20 години да ја напушти Барселона. Сето тоа е поврзано со пропаднатиот проект европска Суперлига поради кој Тебас влезе во конфликт со претседателите на Барселона и на Реал Мадрид, Жоан Лапорта и Флорентино Перез.

Во меѓувреме Тебас успеа да ги изглади односите со Лапорта кој потоа го повика п првиот човек на Ла Лига во својот дом на вечера.

– Вечерав во домот на Лапорта кога тој се согласи да го потпише договорот со ЦВЦ вреден 2.4 милијарди долари – ја започна Тебас својата исповед за радио Копе.

ЦВЦ е инвестициски фонд кој требаше да и помогне на Ла Лига, а со тоа и на Барселона и Реал Мадрид полесно да ја пребродат финансиската криза. Со тој договори и Барселона и Реал Мадрид ќе ги решеа сите проблеми и немаше да има потреба да влегуваат во проектот европска Суперлига.

– Постоеше договор, доколку Барселона го потпишеше истиот, 15 проценти од износот кој ќе и припаднеше ќе можеше да го вложи за потпишување на нови играчи.  Му реков на Лапорта дека Перез ќе се обиде да го минира овој договор – зборува Тебас.  

На крајот испадна дека Тебас бил во право. Реал Мадрид, односно Перез не сакаше да стави потпис на договорот со ЦВЦ,  по што Барселона се најде во многу тешка ситуација. Поради долгот од 1.3 милијарди евра, Барселона немаше простор за маневар и на крајот остана без можност да потпише нов договор со Лионел Меси.

Финансиска инјекција од 2.7 милијарди евра за Ла Лига: Барселона веднаш добива 270 милиони,  Реал Мадрид 260 милиони евра

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот