Нови цени на горивата: Бензините од утре поевтини за половина денар, дизелот за денар

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар за литар, а цената на дизел горивата се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,86 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81 денар за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 83, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 80,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 80 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,29 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 46,001 денар.

Како што посочуваат од РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,515 отсто, кај дизелот за 2,072, кај екстра лесното масло за 1,535 и кај мазутот за 0,727 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,065 отсто во споредба со претходната пресметка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот