Нова студија: Постојано ви е затнат носот? Причината е во начинот на кој дишете и спиете!

Фото: Profimedia

Ако носот ви е постојано затнат, тоа може да биде затоа што дишете преку устата додека спиете, откри новата студија, пренесува „Дејли мејл“.

Дишењето преку уста во текот на ноќта значи дека постои двојно поголема веројатност редовно да страдате од затнат нос во споредба со оние кои главно дишат низ нос, според истражувањето спроведено за компанијата за растителни масла „Олбас“, во соработка со матичниот лекар д-р Роџер Хендерсон. Во тоа истражување, 2.000 возрасни биле испрашувани за нивните навики за спиење и дишење.

Околу 18 отсто од испитаниците изјавиле дека нивните партнери им рекле дека дишат преку уста додека спијат.

Речиси секој трет испитаник (31 отсто од нив) кој рекол дека дише преку уста, исто така, потврдил дека има проблеми со затнат нос. Но, само 15 отсто од оние кои дишат низ нос додека спијат велат дека често им се затнува носот.

– Дишењето преку уста може да предизвика неколку здравствени проблеми во споредба со дишењето преку нос, што е поздраво.  Дишењето преку уста може да предизвика помало снабдување со кислород во телото, а еден од проблемите што може да го предизвика е нарушување на сонот и зголемен замор во текот на денот. Тоа предизвикува и исушување на устата, со што се зголемува и ризикот од расипување на забите, добивање кариес и болести на непцата. Сувата уста го зголемува ризикот од инфекции на горниот респираторен тракт (дишни патишта), како и од воспалени крајници. Тоа е маѓепсан круг, бидејќи затнатиот нос може да биде причина за дишење низ устата, а дишењето преку устата може да направи да се чувствувате како да ви е затнат носот – вели д-р Хендерсон.

Д-р Хендерсон препорачува користење на физиолошки раствор во спреј или назален деконгестив, како и спиење на грб со дополнителни перници, за да се поттикне дишењето низ носот.

Д-р Хендерсон објаснува дека во текот на денот повеќето луѓе природно дишат преку нос. Станува, всушност, збор за техника за преживување за да можеме и да дишеме додека јадеме. Некои луѓе подоцна во животот развиваат дишење преку уста, додека некои дишат така речиси од раѓање, ако имаат, на пример, девијација на септумот, па им е тешко да дишат низ носот.

Но, дишењето низ нос е важно од неколку причини. Носот делува како филтер и на тој начин осигурува дека малите честички, како што е поленот, да останат во воздухот. Носот, исто така, додава влага во воздухот за да спречи сувост во белите дробови и бронхијалните цевки. Поминувањето на воздухот низ носот се загрева пред да стигне до белите дробови, а дишењето низ носот, исто така, го зголемува внесот на кислород и ја одржува еластичноста на белите дробови.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот